Еден од најрафинираните модели на Timberland– бродските чевли стануваат синоним за класичен дизајн со врвен квалитет. Овој модел чевли ги сплотува функционалноста, безвременоста и софистицираноста во обувки кои лесно се носат и комбинираат. За пролет/лето 2017 класиката е дополнета со модерна технологија со имплементирање на Sensorflexсистемот.

Оваа техонологија постои од 2014 година е и создадена како одговор на предизвиците и темпото на модерното време. Направен од три делови, Sensorflexсистемот лесно се адаптира на различна подлога и се приспособува на движењето на оној што ги носи во текот на целиот ден. Цврстиот дел го поддржува и стабилизира стопалото, средниот слој служи како амортизер за нерамен терен, додека пак таканаречениот динамичен слој на ѓонот овозможува максимална флексибилност.

Бродските чевли со Sensorflexтехнологија доаѓаат во машки и женски модел – Tidelands и Lakeville. Тidelandsсе секојдневни, удобни обувки со современ финиш, рачно шиено спојување на деловите, квалитетна кожа и издржливи врвки. Палетата на бои се движи од темно сина, преку кафена до впечатлива црвена или пак елегантна сива.

Женскиот Lakevilleмодел може да се најде во летни бои како пастелни црвени и зелени тонови, но и традиционалните темно сини и кафени. Колекцијата е изработена од мека кожа, а присутна и е верзијата од превртена кожа со премиум квалитет. Деталите се една од најважните карактеристики на Timberland, па така Lakeville моделот е дополнет со OrthoLite влошка за целодневна удобност, врвки кои се прилагодуваат и издржлив, водоотпорен горен дел кај моделите од превртена кожа.

Со својата безвремена силуета, автентични и практични, бродските чевли остануваат класика која ги надминува трендовите и се враќа во обновена варијанта сезона по сезона, благодарение на својата верна публика.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТропска оаза во кафуле во Гватемала
Следна објаваКолекцијата Chanel Cruise 2018 инспирирана од античка Грција!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ