Со задоволство ве покануваме да ја  проследите  програмата на 20.јубилејно издание на Скопје филм фестивал.

Во рамките на годинешната програма Македонска продукција, освен премиерата на новиот игран филм „Ах љубов моја“ по сценарио и режија на Коле Ангеловски, ќе бидат прикажани и два краткометражни македонски играни филмови: „Ќе дојдат децата“ во режија на Ана Јакимска, со Наташа Петровиќ и Шенка Колозова во главните улоги и „Чевли“ во режија на Бранко Костески, со Благој Веселинов, Григор Јовановски, Диме Илиев, Ана Костовска и  Роберт Ристов во главните улоги.

Премиерите на двата краткометражни филмови ќе се одржат утревечер (среда, 26 април) во кино „Фросина“ во 20, 30 часот. На проекциите ќе присуствуваат и авторите и филмските екипи.

Во Кинотеката на Македонија,  во среда, со почеток од 21 часот, публиката на фестивалот ќе може да ја проследи и програмата Кратки филмови, годинава насловена како „Пак да го направиме сексот супер“, во чии рамки ќе бидат прикажани 12 краткометражни филмови: „Пастув“, „Митјуб2 Август ја пее Кармина Бурана“, „Цвеќе и задници“, „Црвојадина“, „Не сакам да спијам со тебе,сакам само да ти се дигне“, „Како ти е простатата?“, „Вагините имаат моќ“, „Гринго од зелениот екран“, „6А“, „Светски воен куп“, „Десетметарска скокалница“ и „Комисија“.

Програма за среда, 26 април:

Кино Фросина

18:00h ВОДОЛИЈА/ AQUARIUS (2016)

Режија: Клебер Мендонса Филјо

Улоги: Соња Брага, Мев Џинкингс, Ирандир Сантос

Brazil/ France, 140 min.

Градежен претприемач се обидува да ја избрка и последната станарка од стара станбена зграда на одлично место на плажа. Станарката е Клара, почитувана 65-годишна музичка критичарка, која ќе започне еден вид студена војна со компанијата.. „Аквариус“ на збиен и метафоричен начин ги прикажува практиките на фашизам и моќ во форма на поседување имот како политичко оружје, оружје со кое се мавта во моментов во Бразил и други земји каде што десничарската клептократија е во подем или е целосно вкоренета.
Изведбата со исклучителна духовитост, виталност, непокорност е животната улога на Соња Брага, двигателот на исклучителниот втор филм на бразилскиот режисер Клебер Мендонса Филјо. Прикажувајќи портрет на 65-годишна жена која одбива со сила да биде избркана од станот, „Аквариус“ ја слави независната хероина, но тоа е и сатира за институционалната корумпираност.

20:30h ЌЕ ДОЈДАТ ДЕЦАТА/THE CHILDREN WILL COME (2017)

Режија: Ана Јакимска

Улоги: Наташа Петровиќ, Шенка Колозова

Macedonia, 19 min.

Една млада учителка е испратена да подучува деца во далечно планинско село. Како што минуваат деновите, од децата нема ни трага ни глас. Единствениот човек што го среќава во селото е една старица, чистачката во училиштето. Кога старицата ќе почине, младата учителка мора да најде начин да преживее.

ЧЕВЛИ/SHOES (2016)

Режија: Бранко Костески

Улоги: Благој Веселинов, Григор Јовановски, Диме Илиев, Ана Костовска, Роберт Ристов

Macedonia, 18 min.

Јован ги наследува чевлите од својот починат татко. Од тој момент, почнува да го губи чувството за реалност за што ги обвинува чевлите што ги украде од татко му, но вистинската причина лежи во едно предавство кое што го прогонува од неговата младост.

22:00h ВИВА/VIVA (2015)

Режија:  Педи Бретнах

Улоги: Хектор Медина, Хорхе Перугорија, Луис Алберто Гарсија

Ireland, 100 min.

Прв ирски филм што влезе во потесна конкуренција за „Оскар за неанглиско говорно подрачје“ и што многу лесно ја оправда таа чест. Филмот е снимен на Куба и се одвива во сиромашните населби во Хавана. Педи Бретнах наоѓа начин оваа по малку мелодраматична приказна да ја направи изненадувачки трогателна, на ист начин како што прави хаванските сиромашни населби да изгледаат парадоксално убаво.
Хесус (Хектор Медина) е геј фризер кој сонува да стане drag queen во ноќниот клуб каде што ги фризира бучните, раскарани диви. Обидувајќи се да заработи повеќе пари (и да избегне проституција), оди на аудиција во клубот и ја добива работата. Но штом ќе почне да го користи псевдонимот Вива и ќе излезе на бина, ќе биде нападнат од непознат човек, неговиот татко, кого последен пат го видел пред 15 години и кој сега излегол од затвор. Наместо да се тресе од страв пред татко му, Хесус се бори за себе. Тој има благ карактер и сака да помага, па создаваат кревка врска. Таткото и синот полека наоѓаат заеднички јазик.
Кинотека на Македонија

17:00h ШПАНСКИ КРАТКИ ФИЛМОВИ втор дел

19:00h ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО / LIBERATION DAY (2016)

Режија:Uģis Olte, Morten Traavik

Улоги: Boris Benko, Tomaz Cubej Norway/Latvia, 98 min.

Норвешкиот режисер Мортен Травик ја смисли досега најчудната севернокорејска приказна: вистинската приказна за тоа како Демократска Народна Република Кореја за прв пат покани западна рок група да свири во земјата. Групата одбрана за оваа чест се словенечките арт-рок ветерани „Лајбах“, формирани во Југославија, познати по тоа што сатирично флертуваат со фашистички метафори. Идејата на „Лајбах“ е да ги свират своите аранжмани на песни од американскиот мјузикл „Моите песни, моите сништа“ – еден од ретките западни филмови дозволени и сакани во земјата.
Звучи бизарно. И е бизарно. Особено затоа што владата на Северна Кореја прво ги одбила „Лајбах“ поради нивниот дрзок милитаристички шик. Травик прикажува една мачна вечера кога комунистички функционер држи тажен, но прилично искрен говор со кој јасно се става до знаење дека позите на „Лајбах“ се неприфатливи. По тешки преговори со официјалните лица, овој чуден концерт се одржа: навистина историски настан.
Соочувајќи се со строгата идеологија и културолошките разлики, групата се мачи да ги протне своите песни низ иглените уши на цензурата пред да ги претстави пред публиката која дотогаш не чула алтернативен музика. .

21:00h ПАК ДА ГО НАПРАВИМЕ СЕКСОТ СУПЕР / MAKE SEX GREAT AGAIN

Кратки филмови

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДали е ова најсреќното куче на светот?!
Следна објава12 нашминкани изгледи за секој зодијачки знак!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ