Дизајнерот на Moschinо – Jeremy Scott за колекцијата есен/зима 2017 се фокусираше на “ѓубрето” и истата ја прикажа на миланската недела на модата.

Американскиот дизајнер ја отвори ревијата со серија на модели инспирирани од картонски кутии и хартиени вреќи. Од фустани налик на вреќи за ѓубре па се до балонери и сетови со јакни и здолништа, женствените силуети ја донесоа елеганцијата на оваа забавна и разиграна тематика на Moschinо. 

Scott ги искористил старите новински написи за Moschinо како принт за фустаните, бомбер јакните и капутите во А-крој. Што се однесува до вечерната облека, Moschino жената носи модели инспирирани од домашните работи како на пример – завеси од купатило, теписи и хартии за подароци. По самата ревија, брендот ја откри и “see-now, buy-now” капсула колекцијата, на графички маици, фустани и торби.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗошто треба да пиете едно до две кафиња дневно?
Следна објаваНова колекција на Women’secret за сензуални пролетни денови
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР