Многу од нас понекогаш знаат да искоментираат со мала доза на носталгија за модата која доминираше на сцената во 80те и 90те години од минатиот век.

Една од дизајнерките кои беа водечки фигури во модниот свет беше секако познатата Laura Biagiotti која претсавувајќи ја својата најнова колекција на модната недела во Милано се врати на голема врата на модната сцена.

Таа со своите сфаќања ги руши сите бариери и го преминува универзалниот принцип во секој поглед. Колекцијата пролет/лето е креирана во склад со модерниот мулти-таскинг начин на живеење и е наменета за современата, бизнис но во истовреме на жената која е романтична но и независна а која храбро се соочува со сите животни предизвици. Фантастична колекција која ќе и овозможи на модерната жена да ја ослободи својата женственост без ни малку предрасуди. Погледнете ја оваа разиграност во моделите!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР