Alexander Wang во најcool издание до сега!

За својата колекција есен/зима 2017, Alexander Wang се одлучи само за црната боја. Моделите ги испрати на модната писта во комбинации од преголеми капути, супер тесни пантолони и секси фустани и продолжи да владее во светот на cool девојките.

За да ја скрши темната палета на бојата, Wang уфрли и сива, Prince of Wales принтови, на неколку парчиња. Забележавме многу кожни пантолони и јакни. Што се однеува до украсите, Wang ги декорираше модните парчиња со нитни и вештачки дијаманти. Ревијата ја затворија три светликави мини фустани од mesh материјал – во стилот на вистинска Wang девојка.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваStairways to Heaven: Најубавите скали на светот
Следна објаваНакитот На Max&Co и Swarovski за да заблескате
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР