За денес имаме една вест која ќе ги израдува љубителите на книжевноста. Легендарната куќа на Марк Твен во која тој ги напишал своите најпознати дела е отворена за сите оние кои имаат желба да пишуваат. Куќата се наоѓа во местото Хартфорд во Конектикат и претставува вистинска инспирација за уметниците, особено писателите. Во куќата ќе се одржуваат писателски сеанси четири пати годишно, во кои писателите ќе се обидат да пронајдат инспирација за нивно сопствено книжевно дело, и тоа на истото место каде најчесто пишувал Твен, во библиотеката. На веб-страницата на куќата е достапна и виртуелна прошетка низ нејзината внатрешност.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрактично парче мебел за бебе и младите родители!
Следна објаваPublic Room – оваа седмица
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ