Супер моделот Miranda Kerr повторно ги покажа своите дизајнески таленти креирајќи линија од тексас, за капсула колекција на брендот MOTHER Denim. Линијата  е составена од 12 навистина кул парчиња – кежуал и шик модели, а нас посебно ни се допадна комбинезонот засечен позади како и везената кошула од тексас.

Дел од приходите од продажбата на оваа колекција, ќе биде наменет за хуманитарна цел, за помош на “Australia Royal Women’s Hospital Foundation”, која се грижи за прерано родени бебиња и нивните мајки. А ние сме сигурни дека оваа лимитирана колекција ќе се продаде во рекорден временски рок.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПерниче со мирис на француска лаванда!
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (30.01 – 05.02)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР