“Модата не е прашање на облеката. Модата е во воздухот, родена над ветерот. Морате да имате интуиција за неа. Таа е на небо и на улица.” Coco Chanel

Денот на Новата година е веројатно највеселиот и најпопуларен ден – еднаков за сите. Без било каква обврска, традиција и религија, ден еднаков ден за сите, кој величенствено ги отвора вратите за сите – за нови почетоци. Правиме нови планови и подвизи, за кои сме спремни. И некако со леснотија оставаме се зад себе и тргаме во нови патувања. Го рестартираме организмот за нови, подобри предизвици, надевајќи се дека тоа што сме замислиле, нема да остане во духот на добро познатата реченица: “од понеделник “.

Правило во облекувањето едноставно нема. Бидете барем една ноќ во годината доволно храбри да бидете поинакви од другите  и облечете нешто навистина посебно. Модата во 2016 година нема големи промени, а доколку станува збор за должина на фустанот, може да биде од краток до миди – при изборот на новогодишен фустан поиграјте си со волуменот и симетријата.

Посебно внимавајте посебно на ракавите кои можат да бидат раскошни, дури и предимензионирани кои во комбинација со едноставни долни делови навистина знаат да воодушеват, исто како со кратките или пак долгите ракави со нив одберете здолниште со раскошен волумен.

СРЕЌНА НОВА 2017!

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Christmas Wedding Tale”, приказна за една божиќна венчавка
Следна објаваПенливо вино со 5 спектакуларни новогодишни вкусови!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР