Подгответе се да бидете воодушевени! Празниците се на прагот, а во импресивната куќа која ви ја претставуваме во продолжение, новогодишната и божиќната магија е оживеана на најубав можен начин. Можеби се наоѓа на една од најтаинствените локации во светот, а температурите се исклучително ниски, но мами воздишки со пријатната и топла атмосфера. Според сајтот за недвижности Zillow, вака изгледа домот на омилениот празничен лик – Дедо Мраз, а неговата вредност се проценува на 656,957 американски долари. ,,Santa’s House’’ (,,Куќата на Дедо Мраз’’) е дрвена конструкција со површина од 232 метри квадратни, која датира од 1822 година, а лоцирана е во идиличното зимско опкружување на Северниот пол. Ентериерот е со рустична и бајковита нота, но и прекрасна новогодишна тема, а надвор, пак, снежните пејзажи канат на авантура и несекојдневно зимско доживување. Звучи примамливо, зар не? Погледнете ги фотографиите и одлучете сами.