Како што ни се наближуваат празниците, така и се повеќе размислуваме како и во каква атмосфера ќе ги поминеме, што ќе подготвиме за празничната трпеза, како ќе го украсиме домот и слично. За денес одбравме да ви претставиме една интересна и креативна идеја како сами да си направите свеќник со светки, одлична декорација за празничен амбиент во домот.

1

Потребно е:

  • стаклени садови или теглички
  • златна боја (или лепак со златна боја)
  • четка
  • светки
  • селотејп (незадолжително)

4

  1. Со четкичка обојте ја долната половина од стаклените садови или тегличките со златна боја или лепак. За да ја обележите половината, можете да залепите селотејп кој ќе ви покаже до каде да боите.

5 6

2. Нанесете ги светките слободно. Дувнете за да го отстраните вишокот. Оставете убаво да се исуши. Ако сте ставиле селотејп, отстранете го откако ќе се исуши садот.

7

Вака подготвените садови можете да ги користите како свеќници, а можете и сами да си направите свеќи во разни бои. За да го направите тоа, потребно е да купите восок кој ќе го стопите според упатствата. Потоа, наредете ги садовите и поставете во нив фитил (прицврстете во место со помош на стапчиња за раженчиња како на сликата).

8

Додека восокот се топи, додадете боја за восок или мирис, по ваш избор. Оставете да се исуши и уживајте во празничната магија во домот.

7 9

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР