Јавна соба продолжува со социјалната програма за кулинарско издигнување, односно запознавање на други култури преку организирани кулинарски презентации. Во среда,7.декемврисо почеток од 20:00 часот во Јавна соба на репертоар е холандската кујна.Под водство на холанѓанецот Пол Хотхаузен за прв патво Македонија ќе се дегустираат врвни специјалитети  од северниот дел на Европа.

Холандија како земја сигурно не е прва на листа кога ќе помислиме на јадења, особено не на специјалитети и традиционална јадења. Но тоа е од причина што нивната кујна не ни е воопшто позната нам во Македонија. Холанѓаните јадат здрава и вкусна храна, базирана на зеленчуци, риба и месо.Просечен животен век кај луѓето во Хоалндија е 80 години.

13575948_1020787338028308_1828905552969266548_o

Мешавината на вкусовите во повеќето главни јадења сигурно не е нивна автохнона рецептура, туку е што е увезено од бивштите и сегашните колонии (Индонезија, Суринам, Аруба), но и да не заборавиме дека холанѓаните иако се мала нација ( 17 милиони жители) се светски патници со векови наназад. Сите овие навики, традиции и култури се интегрирани денес во холандската кујна која што по многу гастрономи се смета за светски микс. Рапидниот развојот на ХОРЕКА секторот од  80-тите наваму допринесува Холандија да стане гастрономска сила која пласираше на површина плејада на познати кувари, добара дел од нив и ТВ ѕвезди, огромен број на “Michelin” ресторани и амбасадори на добра храна. Она што исто така многу значајно е дека Холандија е четврта по ред земја извозник на храна во свет.

Во среда на мени се сервираат холандска супа од зеленчук со телешко месо и крцкава сланина, салата од цикорија, порција зајак со традиционално  пире од четири зеленчуци ,  пита од јаболка и  божиќни круши во сос од вино.

13559083_1020787094694999_824653526782471165_o-1

Јавна соба со оваа тематска вечера  го заокружува циклусот на вечери  за 2016 година. Во 2017 година проектот Вкусот на Скопје продолжува, во јануари 2017 најавени се кувари од светски калибар од Италија, Хрватска и Велика Британија кои ќе одржат серија на работилници за поширока јавност.

Јавна соба е центар за гастронсмко продуховување, каде покрај редовното мени кое изобилува со врвни специјалитети, се организираат презентации на молекуларан гастрономија и се презентираат сите новитети во кулинарсвото.

За повеќе иформации обратете се на Нена Гиевска – Агенција Навигаторс,  snezana.gievska@gmail.com

СПОДЕЛИ
Претходна објаваWill.i.am со нов гаџет – слушалки кои ги обожуваат Kendall Jenner и Naomi Campbell!
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (05.12 – 11.12)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ