Сите љубители на дизајнот, во рамките на Skopje Design Week 2016, ќе имаат можност да се запознаат со хрватскиот колектив „Оаза“, во кој членуваат шест дизајнерки и самостојни уметници од Хрватска.

made-in_brandВо областите на продукт-дизајнот, дизајнот на ентериери и сценографии, изложбените концепти и просторните интервенции, како и во областа на визуелните комуникации, преку активностите на колективот „Оаза“ своите идеи ги презентираат Нина Бачун, Ивана Боровњак, Роберта Братовиќ, Тина Ивезиќ, Маја Колар и Ана-Марија Полјанец.
Името на колективот „Оаза“ доаѓа од просторот во кој првобитно се собрале да работат, а кој се наоѓа над култното загребско собиралиште „Сахара“. Нивното заедничко дејствување е природен процес на продолжување на претходните студии и соработки.
Во регионални рамки колективот „Оаза“ е познат со иницијативите „Од рака на рака“ и „Made In“.

old-school_proizvodi

Колекцијата производи од проектот „Од рака на рака“ е резултат на авторските истражувања во областа на хрватското културно наследство и старите занаети, додека проектот „Made In“, со кој колективот „Оаза“ ќе се претстави на „Skopje Design Week“, е инициран од промените што се случуваат на локално и на глобално ниво и кои радикално ја менуваат сликата на градот. „Made In“ е истражувачки проект за познатата загребска улица „Илица“, за промените што се случуваат со нејзиниот традиционален изглед, а се реализира во соработка со жителите и соседите на улицата. Целта на проектот е во процесот на дизајнирање, од идеја до продажбата на производите, да се користат исклучиво локалните и лесно достапни материјални ресурси и знаењето на локалните жители. Оваа платформа на „Оаза“ ќе биде дефинитивно инспиративно искуство за македонската дизајнерска заедница.

oaza_foto-400x300
Неделата на дизајнот во Скопје е мултикултурна платформа фокусирана на дизајнот и иновациите, а оваа година од 23 до 27 ноември во „Јавна соба“ ќе се одржи по веќе испробаниот рецепт, кој овозможува промоција, презентација, едукација, кулинарство и забава.

СПОДЕЛИ
Претходна објава3 чекори кои помагаат за подобар сон на бебињата!
Следна објаваНаграда и нови фестивали за филмот „Борба за смрт“
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ