Новите модели од есенската Bridal колекција на Elie Saab, се навистина прекрасни! Овој дизајнер со волшебни раце, во новата колекција се фокусирал на деликатната тантела, микро украсите и на цветниот вез. Неговиот препознатлив, уникатен стил од илјадници рачно шиени украси и додатоци, со оваа есенска колекција, навистина го допре врвот!

Силуетите се движат од драматични тоалети па се до здолништа со волумен, како и фустани со високи изрези. Saab остана верен на традиционалната палета на бои, заради што неговите модели додатно привлекуваат.

Уникатние делови се изработени од крзно, бисери, слоеви на тул и повеќеслојна тантела. Стилизирани со проsирен тул, цветни венчиња или украси за коса – овие венчаници како да се дизајнирани за вистински принцези!

elie-saab-fall-2017-bridal-wedding-dresses01 elie-saab-fall-2017-bridal-wedding-dresses02 elie-saab-fall-2017-bridal-wedding-dresses03 elie-saab-fall-2017-bridal-wedding-dresses04 elie-saab-fall-2017-bridal-wedding-dresses06 elie-saab-fall-2017-bridal-wedding-dresses07 elie-saab-fall-2017-bridal-wedding-dresses08 elie-saab-fall-2017-bridal-wedding-dresses10 elie-saab-fall-2017-bridal-wedding-dresses11 elie-saab-fall-2017-bridal-wedding-dresses12

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЖарко Башески во 10 најдобри фотографии на денот во The Guardian!
Следна објаваСовршен подарок за љубителите на книгата!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР