horoskop-datumi-2

ОВЕН

Работа – Користете ги сите ваши дипломатски вештини, кои ќе ве спасат од конфиктната ситуација со колегите и претпоставените.

Љубов – Ова е одличен период да разговарате со партнерот за сите свои проблеми, затоа што само така, двајцата ќе бидете во можност да ја разгледате ситуацијата и според тоа, да го решите сето тоа што ви пречи.

Здравје – Добро се чувствувате.

БИК

Работа – Добивате само позитивни коментари и критики. Со тоа и вашата финансиска ситуација ќе се подобри.

Љубов – Периодот пред вас бара да сте во совршен баланс, за да не дојде до проблеми во врската.

Здравје – Можна настинка или грип.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Близнаците кои не се вработени, постои голема можност тоа да се смени, а тоа значи да го прифатат тоа што им се нуди, па дури и сезонска работа, затоа што никогаш не се знае каква прилика за соработка може да се појави.

Љубов – Колку и да сте блиски со својот партнер и да имате меѓусебна слобода, некои работи мора да се знаат и да се почитуваат, за кои и самите ќе имате потреба.

Здравје – Солидно.

РАК

Работа – Ќе бидете во ситуација кога ќе дојде моментот да морате да донесете една голема одлука, па би требало да седнете и добро да размислите.

Љубов – Доколку сте во кратка врска или имате пријател на “висока позиција,” би требало да се запрашате дали можеби тој сака нешто повеќе, од лабава врска која моментално вам ви одговара.

Здравје – Добро

ЛАВ

Работа – Време е сите свои идеи и планови, да почнете да ги реализирате во дело. Вие најдобро знаете како тоа ќе го направите.

Љубов – Бидете малку поромантични, само така ќе го решите апсолутно секој проблем. Добро ви оди за сега.

Здравје – Добро.

ДЕВИЦА

Работа – И покрај проблемите, ќе го искористите својот шарм и моќ на заведување во решавањето на некои деловни дилеми. Шармот ќе направи да бидете забележени од претпоставените.

Љубов – Во текот на наредниов период, на вашите емотивни односи силно влијание ќе имаат финансиите, бидејќи намалениот прилив на пари ве прави нервозни, па тоа расположение ќе го пренесете и на своите сакани.

Здравје – Главоболка.

ВАГА

Работа  – Ова е добар период  да поработите на себе, на своето знаење и вештини. Добри сте во убедувањето и во “дипломатските” разговори.

Љубов – Ова е еден динамичен период и сигурно нема да ви биде досадно, без разлика дали сте во врска или не.

Здравје – Добро.

ШКОРПИЈА

Работа – Не плашете се да бидете иновативни , поактивни и опасно да се нафрлите на конкуренцијата, вие тоа го знаете и можете.

Љубов – Дефинитивно ќе ја разбиете монотонијата, а начинот на кој тоа ќе го направите, одберете го да одговара на вашите желби, чувства и личности.

Здравје – Проблеми со дишните патишта.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Бидете трпеливи, концентрирани и успехот ќе дојде, само не се откажувајте. Знаете колку можете и држете се до своите стандарди.

Љубов – Доколку сте во брак, можеби ве очекува зголемување на семејството. Да! – бебето е веќе на патот!

Здравје – Внимавајте на имунитетот.

ЈАРЕЦ

Работа – Вие сте во центарот на вниманието заради својата работа, а сем тоа, ова е и добар период кога финансиите се во прашање.

Љубов – Доколку сте слободни, можно е на некое патување, приватно или службено, да запознаете личност која многу ќе ви се допадне.

Здравје – Повеќе пешачете.

ВОДОЛИЈА

Работа – Ова е период кога на полесен или потежок начин ќе научите, дека понекогаш морате да се одалечите од тоа што вас ве фрустира и за тоа почнете да размислувате со главата а не се срцето.

Љубов – Ја испуштивте шансата да се впуштите во некоја авантура без обврски.

Здравје – Потребни ви се повеќе витамини.

РИБИ

Работа – Се трудите да бидете со студена глава и секогаш добро да размислите пред  да реагирате. Два пати мери, еднаш сечи, брзоплетоста не ви се исплати.

Љубов – Тимската работа не е важна само кога работата е во прашањер, туку и кога е во прашање, било кој друг тип на лични односи.

Здравје – Добро.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерен редизајн на куќа стара 170 години!
Следна објаваНајнови модни трендови на чевли за есен-зима 2016/17
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР