Donatella Versace ја откри гламурозната страна на спортот на Versace колекцијата за пролет- лето 2017, презентирана за време на Миланската недела на модата. Од најлонски ветровки па се до мото стилот и спортските пантолони, клучот е дефинитивно во парчињата инспирирани со спортот. Но, без разлика на спортскиот стил, немојте да помислите дека Versace заради тоа, се откажал од препознатливиот сексепил.