Познатата изрека на Ганди „Бидете промената која што сакате да ја видите во светот“ инспирира многу луѓе да го променат својот начин на живот како прв чекор во обидот да се промени свеста на глобално ниво.

Кога се работи за заштита на животната средина секоја промена е добредојдена, колку и да изгледа мала во споредба со загадувањето кое што се случува во целиот свет.

Уметничкото студио What the Factory користи неколку клучни работи за да ги изработи предметите кои што ги нуди: сопствен рачен труд, љубов и секако, она што не привлече да ја забележиме нивната работа, рециклирани материјали.

Со помош на стари памучни кошули, хартија, тексас и други материјали кои што може да се рециклираат може да се добие стилизиран и уникатен ранец, ташна и друг додаток.

2 3 4 5 6 7 8

il_fullxfull.1008032162_p9tx

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР