Ancient Horoscope

ОВЕН

Работа – Чувствувате голем финансиски притисок, а на работа од вас очекуваат поинакви деловни активности, кои можат да ви донесат многу повеќе пари од порано.

Љубов – Не работите работи во поголем обем, од колку што сте навикнати. Забавете го темпото кое ви е наметнато. Така ќе се движите поспоро, но подалеку.

Здравје – Добро се чувствувате.

БИК

Работа – Во првата декада на месецот септември, најверојатно, ќе ги пропуштите поволните деловни прилики. Но иако почетокот е бурен, заради Сончевата еклипса во компатибилниот земјен знак на Девица и квадратот на Сонцето со планетите Сатурн и Марс, нема вашиот бизнис да биде загрозен.

Љубов – По периодот на хармонија и годишните  одмори, во партнерските односи, работите се менуваат заради замрачувањето на Сонцето на 1 септември и седмицата пред и по тоа, ќе се поремети балансот и на површина ќе испливаат незадоволствата.

Здравје – Можна несоница.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Не се грижите заради затегнатите деловни односи околу 1 септември (соларна еклипса). Брзо се ќе помине и работите ќе почнат да се средуваат.

Љубов – Новиот месец е прилика за нов почеток и нови возбудливи изненадувања. А сето тоа ќе почне уште оваа недела. Вашата љубов е во полна сила веќе подолг период и потрудете се така и понатаму да остане.

Здравје – Одлично се чувствувате.

РАК

Работа – Не сте во можност да бирате со кого ќе соработувате но исто така и аранжманите кои ви ги доставуваат. Не грижете се, ви следи одличен период.

Љубов – Необичен пресврт, а уште подинамичен заплет – ве чека оваа недела. Ни самите не сте свесни што се ви се случува на љубовен план.

Здравје – Болки во грбот.

ЛАВ

Работа – Деловните планови ви одат од рака оваа недела, што се гледа и од состојбата на вашата банковна сметка. Време е да ги искористите поволните ветрови.

Љубов – Партнерот е и понатаму тука за вас, што и да се случи, тој ви е најголема подршка. Вие сте среќни заради тоа.

Здравје – Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Работа – Пред вас е голем деловен почеток предизвикан од соларната година, каде ќе морате да е соочите со многу препреки, за успешно да го пребродите овој кризен период и да истраете во вашиот бизнис.

Љубов – Самиот почеток на септември носи промени во емотивните односи кај  Девиците. Бурна недела и почеток на нов месец за вас.

Здравје – Можна главоболка.

ВАГА

Работа – Замрачувањето на сонцето во почетокот на септември во вашето деловно опкружување ќе предизвика турболентни промени во сферата на вашиот бизнис.

Љубов – И самиот почеток на месецот септември, може да биде кризен за Вагите во брак и за тие кои се во долги стабилни врски.

Здравје – Добро се чувствувате.

ШКОРПИЈА

Работа – Под влијание на соларната еклипса на 1 септември, која се случува во вашата 11 куќа, на тест ќе бидат деловните пријателства.

Љубов – Оваа недела Шкорпиите кои се во брак или во подолга врска, можат да очекуваат хармонични односи со партнерот.

Здравје – Во добро здравје сте оваа недела.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Не очајувајте доколку приходите нагло одат по надолна линија. Нема да продолжат во тој правец, затоа што вие тоа никако нема да го дозволите.

Љубов – Една личност во знакот на Девица, не престанува во вас да буди нешто посебно и единствено, а вие не сте спремни се уште да реагирате.

Здравје – Добро.

ЈАРЕЦ

Работа – Деловниот план тече солидно и свесни сте за своите квалитети, кои можат многу да ви помогнат да стигнете до поголема позиција.

Љубов – Подршката од фамилијата и блиските секако многу ви значи, гледајдте да вратите со иста мерка, кога вашиот тежок период ќе мине.

Здравје – Повеќе вежбајте.

ВОДОЛИЈА

Работа – Кретивни, но и помалку мрзливи сте оваа недела. Морате да имате добра мотивација за да ги искористите сите свои потенцијали. Не ги пропуштајте дадените прилики.

Љубов – Емоциите повторно доминираат и вие не знате што ве има снајдено. Сега е време да го освоите тоа што го сакате.

Здравје – Одлично.

РИБИ

Работа –  Замрачување на Сонцето на 1 септември ќе го погоди полето на вашите деловно – партнерски односи, што трајно ќе влијае на взаемните односи.

Љубов – Драматичен почеток на месецот, предизвикан од замрачувањето на Сонцето ќе влијае силно на полето на вашиот брак и партнерските односи, но без грижа, се брзо ќе помине.

Здравје – Добро се чувствувате.

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСовршени производи за невешти луѓе!
Следна објаваПозитивните и негативните страни на кафето
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР