ОВЕН
Работа – Првата половина од неделата не е многу поволна за вас. Меѓутоа, кон крајот на неделата, се ќе си дојде на свое место. Очекувајте исплата на некој заостанат долг.
Љубов – Имате силна желба да направите големи промени на емотивното поле. Сега, сето тоа зависи само од вас, колку ќе вложите – толку ќе добиете.
Здравје – Проблеми со притисокот. Можна е вртоглавица.
Бик
Работа – Мал пад на концентрацијата. За да не направите некоја поголема грешка, ви советуваме да не потпишувате важни документи, пред да се советувате со некој друг.
Љубов – Ова е многу поволна недела за љубов. Зафатените бикови ќе уживаат во прегратките на партнерот. Слободните можат да очекуваат возбудлива недела.
Здравје – Ненаспаност, замор и стрес. Време е да го промените начинот на живеење.
БЛИЗНАЦИ
Работа – Не дозволувајте нервозата да влијае на вашата моќ на расудување. Научете да го разграничите приватниот од професионалниот живот.
Љубов – За зафатените близнаци ова е период на многу бурен живот. Ако успеете, вашата љубов ќе трае многу долго.
Здравје – Без поголеми здравствени проблеми. Најдете начин да ја намалите нервозата.
РАК
Работа – Максимално сте посветени на работата, а претпоставените тоа го гледаат. Очекувајте некоја парична награда.
Љубов – Зафатени сте со работата, па ја запоставувате саканата личност. Морате да научите да го разграничите професионалниот од приватниот живот.
Здравје – Мали проблеми со рбетот. Размислете за пливање или корективна гимнастика.
ЛАВ
Работа – Најпосле ќе добиете можност и ќе успеете да го исполните сето тоа што сте го замислиле.
Љубов – Добро сте расположени и светите, ширите некоја позитивна енергија.
Здравје – Намалете го внесот на масна и слатка храна.
Девица
Работа – Непотребно се грижите за своите финансии. Се е во најдобар ред.
Љубов – Во вас се буди страста и ве носи кон една необична личност за која никогаш на прв поглед не би кажале дека е за вас.
Здравје – Можни се проблеми со стомакот.
ВАГА
Работа – Можен е мал конфликт на работа со колегите. Стрпете се и не реагирајте бурно, туку потрудете се да најдете заеднички јазик.
Љубов – Саканата личност е нерасположена, па дел од својата тензија ја пренесува на вас. Иако таа ситуација ве нервира, сега треба да бидете со саканата личност.
Здравје – Проблеми со хормоните.
ШКОРПИЈА
Работа – Окупирани сте со работата, па ги запоставувате сите други аспекти од својот живот. Морате да научите да ги раздвоите професионалниот од приватниот живот.
Љубов – Полека влегувате во апатична состојба. Се едно ви е, дали ќе го поминувате времето со партнерот или не. Време е сериозно да разговарате за тоа.
Здравје – Пад на имунитетот, внесувајте повеќе витамини.
СТРЕЛЕЦ
Работа – Ве очекува извонредна недела на работа. Искористете ја и направете напредок во кариерата.
Љубов – Доколку сте во озбилна врска, очекувајте разговор на тема брак и деца.
Здравје – Одлично се чувствувате.
ЈАРЕЦ
Работа – Ве очекуваат бројни компликации, доколку се занимавате со приватен бизнис. Обидете се да останете смирени. Одлуките, носете ги со ладна глава.
Љубов – Ќе бидете премногу окупирани со работа, па скоро ќе заборавите и на партнерот.
Здравје – Проблеми со варењето.
ВОДОЛИЈА
Работа – Ќе добиете прилика да ги проширите своите деловните контакти. Искористете ја паметно.
Љубов – Расположени сте за флерт и нови љубовни авантури. Бидете сигурни дека сте завршиле со минатото, пред било што да направите.
Здравје – Мал проблем со грлото.
РИБИ
Работа- Конечно успеавте да решите некои проблеми кои ве мачеа со долговите и сега можете полесно да дишете. Спремни сте за акција и нови деловни проекти.
Љубов – Една личност се обидува да дојде до вас, но вие не и дозволувате. Не жалетете се потоа, дека сте осамени.
Здравје – Намалете со исхраната.