DSC_1034Младиот поет Филип Димкоски е добитник на третата награда на Меѓународниот поетски фестивал „Мелнички вечери на поезијата“ во Мелник, Бугарија. На ова 17 издание Димкоски е награден за циклусот песни „Небоглед до недоглед“. Тој на истиот фестивал настапи и во 2012 година кога ја понесе наградата за најталентиран млад учесник.
За наградите одлучи тричлено меѓународно жири, а на фестивалот учестуваа поети од Македонија, Србија, Бугарија и Република Српска.
Учесник од Македонија беше и поетот Никола Сарајлија кој имаше претсавување на своето творештво, за кое зборуваше неговиот македонски колега Иван Котев.
Инаку, ова е шесто меѓународно признание за Филип Димкоски, по едното принзание од Македонија, двете од Србија и двете од Бугарија. Досега објавил две поетски збирки. Втората неодамна беше објавена на срспки и промовирана во Србија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРачно направените домови на уметниците
Следна објаваБоемска естетика во хотел на Родос
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР