Шведската компанија претстави два концепти на автомобили кои најавуваат нови правци во автомобилската индустрија за помалите автомобили.
Двете возила ја претставуваат серијата наречена „40“, преку која Волво планира да ја реализира идејата за создавање на премиум автомобили, но со мали димензии комбинирајќи едноставен дизајн кој и тоа како е на пиедестал во скандинавскиот стил.
„40.1“ и „40.2“ се првите автомобили кои се направени на модуларната платформа CMA, која е посебно креирана за возила со мали димензии, додека на дизајнерите и инженерите им отвора хоризонти со многу нови можности.
Кога зборуваме за скандинавските стандарди, мора да се напомене дека новите припадници на „40“ – семејството користат исклучително електрична енергија, чистокрвни хибриди.