1Во најновата понуда за лето 2016, популарниот шпански бренд  Zara Home претстави грст убави идеи и производи за сезонско освежување на домот. Во пресрет на топлото лето, новата живописна колекција ги прославува мотивите поради кои најмногу го обожуваме ова годишно време, вибрирајќи во најубавите бои од југот: окер и сончево жолта, медитеранска теракота, како и азурно тиркизна нијанса. Шаренило, игриви дезени и егзотика, наспроти свежината на морскиот брег и смиреноста на рибарските колиби – вака изгледа промотивниот каталог за последната линија аксесоари од Zara Home. Уживајте во идиличните глетки и одберете ја омилената летна тема за вашиот дом.

2345 67 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМинијатурните светови на “Secret Woods”
Следна објаваParfois – за нови модни патувања пролет/лето 2016!
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ