Португалскиот моден бренд на врвни модни додатоци Parfois, достапен во Skopje City mall, за сезоната пролет/лето 2016 година, ја донесе колекцијата во која е прикажана жената – самосвесна, независна и пред се, реална. Новата колекција e снимана на вулканот Teide на острвот Тенерифе.. приказната е за жената која го планира своето патување без разлика на свето минато. Таа се движи по патишта на пустинскиот пејсаж, единствена и фасцинантна. Самата одлучува каде оди, покажувајќи ја својата бесконечна моќ и слобода.
Parfois успеа да ја покаже разновидноста на своите артикли од најновата колекција, симболизирајќи ги четирите различни патишта во непознатото.

Тенденци во новата колекција на Parfois се:

Романтична девојка со цвеќе – еден од главните трендови на колекцијата, торбички со принт и богати шалови со цветни мотиви и пастелни тонови – со акцент на vintage накитот и неправилните камења кои потесетуваат на времето од  art deco.

Урбана и младешка – прикажана преку торбите со недовршен изглед, голем накит и накит со големи парчиња од смола и камења во бои…

 

Elegantna i minimalistička – Третата тенденција е минимализам и префинетост. Тоа се торбите со светли бои, анимал принт и дискретна графика. Накитот е со геометриски принт и полудраги камења, брушени додатоци од злато и сребро- а најголемо внимание привлекуваат обетките со иновативни облици.

Етничка и племенска – Торби богати со камења, везови, топчиња, реси, етнички и со животински принт. Материјалите се од рељефна кожа, антилоп и свила. Накитот изгледа како рачна изработка, плетива, природен камен и пердуви. Сандалите се со платформа како и рамни со разни апликации.

12928191_10153945829595470_1422179992375933954_n 13061979_10153987039020470_247262762908998123_n 13051722_10153971236230470_5260430564762128668_n 13043437_10153978073755470_4481269797964815820_n 13015621_10153975867330470_1806272008525952740_n 13015206_10153978065140470_3069248193642362505_n 13100700_10153996043400470_5124673277808980281_n 13043253_10153971258865470_3779033185067252862_n

13010877_10153971258740470_8225339256481534160_n

СПОДЕЛИ
Претходна објаваZara Home: Летна колекција 2016
Следна објаваRalph Lauren: Колекција за домот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ