horoskop-mart-631x330-28102

ОВЕН

Ве следи деловна среќа. Се препорачува да бидете повеќе активни на деловно поле и успехот ви е гарантиран. Потрудете се да го покажете целиот свој потенцијал.

Љубов – Уживате во плодовите на љубовта, страствените ноќи и блискоста со саканата личност. Не се одвојувате еден од друг, како да сте на почеток на врската.

Здравје – Се чувствувате добро и полни сте со енергија.

БИК

Работа – Станувате нетрпеливи кога е во прашање еден проект. Доколку се занимавате со приватен бизнис, сега може да очекувате зголемување на заработувачката.

Љубов – Исклучително позитивната атмосфера во домот, ви дава додатна мотивација и позитивна енергија. Доколку сте во брак – партнерот ве обвива со љубовта. Тие кои се слободни, ги очекува авантура со личност во знакот Лав.

Здравје – Време е да ги редуцирате килограмите.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Очекувајте важни случувања на деловно поле. Можно е потпишување на некој договор кој одамна го очекувавте, можеби за постојано запослување. Доколку сте во трка за додатна работа, имате прилика за хонорарна работа.

Љубов – Лесно ги искажувате своите емоции и токму поради тоа, добивате се што ќе побарате и сакате. Се чувствувате добро во својата кожа, зрачите со позитивна енергија.

Здравје – Психички и емотивно сте сосема стабилни.

РАК

Работа – Очекувајте поголем прилив на пари. Задоволни сте бидејќи успеавте да ги решите финансиските  проблеми и се чувствувате безгрижно.

Љубов – Ви се допаѓа една страствена и темпераментна личност, Овен, Лав или Стрелец. Оваа врска од флерт, ќе премине во стабилна врска.

Здравје – Смирете го темпото на животот. Поволен период, по интервенцијата која ја имавте. Генерално добро се чувствувате.

ЛАВ

Работа – Отворени сте за новите случувања на деловното поле. Верувате во себе и во можноста да направите голем успех. Но, во текот на овој период, тешко ќе направите некои конкретни измени..

Љубов – Стабилизација на емотивното поле. Конечно ја превземавте иницијативата во врска со емотивните дилеми.

Здравје – Мали проблеми со осцилации на притисокот. Од време на време се чувствувате исцрпено. Посетете го својот лекар.

ДЕВИЦА

Работа – Многу поволен деловен период. Сем тоа, ви следи еден краток одмор и повеќе време ќе посветите на слободните активности, отколку на работа.

Љубов – Во вас се будат емоциите кон една необична личност. Се плашите да и се приближите затоа што не сте сигурни како ќе реагира. Се обидувате на суптилен начин да и пратите сигнали.

Здравје – Мали проблеми со несоницата. Свртени сте кон излагања и ноќен живот, а се нагласени и пороците. Потрудете се да не претерувате.

ВАГА

Работа – Очекувајте материјална добивка, од работа во која многу сте вложиле. Вашата слика и имиџ што го изградивте за себе, ви овозможува напредување на деловното поле.

Љубов – Можно е некоја личност од вашиот круг на пријатели, да се обиде да ве заведе или ви изјави љубов. Влегувате во приказната, иако не сте сосем сигурни во вашите емоции. Можни се брзи случувања.

Здравје – Внимавајте на нервозата или премногу брзото темпо на живот. Не ги прескокнувајте оброците и послушајте ги потребите на својот организам.

ШКОРПИЈА

Работа – Ќе имате прилика да ги средите односите со претпоставените. Можно е да станете приватно блиски со некого од нив, по што ќе го подобрите својот статус.

Љубов – Доколку сте стапиле во емотивна врска со некого од работа, може да очекувате многу возбудливи случувања. Не размислувајте за негативните последици, туку уживајте.

Здравје – Ќе имате многу енергија, така да некои работи ќе ги форсирате. Внимавајте и смирете ги страстите за да не дојдете во некоја непријатна ситуација како кавга, тепачка или некоја друга повреда.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Доколку  сте долго време без работа, можеби конечно ќе добиете шанса да се докажете во својата професионална област. Образованието, конечно ќе ви се исплати. Чекорите со сигурни чекори напред.

Љубов – На саканата личност и давате доволно слобода и разбирање, за двајцата да истражите и најдете некои нови можности. Не сакате да се врзете, иако имате силни чувста за таа личност.

Здравје – Посветете се на здравите навики и сигурно нема да имате проблеми со здравјето. Но доколку претерате со внес на алкохол, цигари, таблети и пороци, можни се проблеми.

ЈАРЕЦ

Работа – Го добивате делот од парите на кои долго чекавте. Можно е, да ви се вратат пари кои одамна сте ги дале на заем. Било како, финансиската сосотојба се подобрува.

Љубов – Доколку ви се допаѓа некоја зафатена личност, нема да можете да и одолеете. Свесни сте за ризикот, сепак, може да ви успее да ја заведете, но каде сето тоа води?

Здравје – Вашата внатрешна енергија и сила, се многу големи. Силни и витални, имате моќ на регенерација, секој проблем што ве мачи можете да го решите, само ако на време се јавите на доктор.

ВОДОЛИЈА

Работа – Можете да очекувате потпишување на некои важни договори во врска со некоја деловна соработка. Доколку очекувавте одобрување од некои поголеми институции или суд, сега, можете да очекувате позитивен одговор.

Љубов – Водолиите кои подолго време имаат некоја сериозна врска, сега им следи напредок на тоа поле. Заедно со таа личност ќе разговарате за брак и создавање семејство.

Здравје – Внимавајте на бубрезите, помали инфекции и настинки. Грижете се повеќе за себе.

РИБИ

Работа – Секојдневните обврски и активности ќе ги извршувате со леснотија. Имате многу енергија и желба, посветени сте на работата до крајни граници….

Љубов – Иако љубовната врска влезе во фаза на секојдневие, тоа по прв пат во животот, не ви пречи. Се чувствувате мирно и сигурно покрај саканата личност и уживате во заедничките моменти.

Здравје – Пад на имунитетот, но доколку се вратите на здравите навики во исхраната нема да имате никакви проблеми.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМинијатурни пораки со големо значење
Следна објаваСкопје филм фестивал | „Лазар“
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР