00Животните катчиња во поткровје никогаш не престануваат да не воодушевуваат и инспирираат. Имаат нешто посебно во амбиентот, што не може да го сретнете во другите ентериери. Положбата, закосените тавани и прекрасните погледи од прозорците овозможуваат креативен пристап и флексибилност, како во уредувањето, така и во организацијата на просторот. Овојпат, ви претставуваме едно преубаво средено и реновирано поткровје со површина од 46 метри квадратни. Ќе ве шармира со удобноста и топлината во ентериерот, но и лежерноста на скандинавскиот стил и дизајн. На високите тавани на се зачувани старите дрвени греди како совршен декоративен елемент, а во тандем со модерните детали создаваат пријатно чувство и амбиент на кој е тешко да одолеете. Солидно екипираната кујна комуницира со дневниот престој, функционирајќи како една целина со отворен распоред. Спалната соба, пак, сместена е во продолжение на дневната соба, и исто така не е одвоена со преграден ѕид. Во продолжение, погледнете ги фотографиите и инспирирајте се од идеите кои ги нуди овој добро организиран и модерно уреден стан во поткровје.

01 02 03 04 05 06 07 08 08a 09 010 011 012 012a 013 014 015 016 017 018

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТродимензионални картички кои откриваат детална архитектура
Следна објаваНеделна програма во Јавна Соба
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ