00

Ви претставуваме мала, но мошне убава гарсониера со површина од само 28 метри квадратни, каде секое катче има своја намена и естетика. Проектот е дело е на дизајнерката Алена Фокина, а инспирацијата ја пронашла во динамичниот животен стил кој го негува нејзината млада клиентка. Светлосивата, беж и белата боја се вешто искомбинирани со појаки колоритни акценти, како лимета и виолетова боја. На тој начин, дефинирани се поедините зони во овој мал ентериер со отворен распоред. Кујната, каде доминираат плочките со геометриски дезени,  издвоена е од дневната соба со виолетовиот кујнски остров. Дневниот престој, пак, го краси ниска и удобна модуларна софа која со само неколку потези се претвора во помошен лежај. Во делот за спиење, пак, кој се наоѓа спроти кујната, акцентот е ставен на ѕидот бојадисан во интензивна зелена боја, а како декоративен елемент се провлекува и во претсобјето и во бањата. Во продолжение, погледнете ги фотографиите и инспирирајте се!

01 02 03 04 05 06 07 08 0910 11 12

13

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗа љубителките на уметничката мода!
Следна објаваИдилична куќа опкружена со зеленило
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ