Zara Home ја претстави неодоливата кампања за пролет/лето ‘16, полна со живописни идеи и инспиративни предлози за будење на сончевото расположение во домот и градината. За таа намена, популарниот шпански бренд понуди повеќе тематски линии на производи и аксесоари за сечиј вкус, исполнувајќи ги сите очекувања на верните купувачи. Од украсни перници, садови и шолји, па се’ до декоративни чаршафи и прекривки – богатата понуда на детали е вистинска инспирација за освежување на домот во пресрет на новата сезона. Ароматизерите за воздух и миризливите свеќи, пак, се уште еден додаток за лесно внесување на пролетта во животниот амбиент. Фотографиите за промотивниот каталог се направени во величенствен древен замок во јужна Франција. Уживајте во убавата и романтична идила со новата колекција на Zara!

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕдноставни начини за комплетна детоксикација!
Следна објаваSome days off: Barcelona | фотографија
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ