Неодоливо вкусна торта која сите ја сакаат

1

Иако подготовката на оваа торта одзема малку повеќе време и е наменета за поискусните во кујната, а има и повеќе состојки, ако ја направите, ќе се уверите дека навистина вреди. Идеална е за сите прилики, а вашите гости со сигурност ќе ви побараат рецепт откако ќе ја пробаат.

Потребни состојки:

21 јајце
3  ќесички ванилин-шеќер
3 лажици оцет
9 лажици + 200 g лешници
9 лажици ореви
3 лажици + 300 g мелени бисквити
24 + 18 лажици шеќер
500 g маргарин
400 g бело чоколадо
1 жолчка
300 g шлаг
150 g млеко во прав

Подготовка:

Изматете 7 белки со 8 лажици шеќер и додадете една лажица оцет. Матете уште некое време па додадете една ќесичка ванилин-шеќер, 3 лажици лешници, 3 лажици ореви и една лажица мелени бисквити.

Ставете ја смесата во подмачкан плех да се пече. На ист начин испечет уште две кори.

За основниот фил, белото чоколадо прелијте го со врела вода. Оставете да отстои десетина минути (чоколадото ќе се одвои), процедете и измешајте со жолчка и 125 gr маргарин. Премачкајте ги сите три кори.

За првиот фил, изматете 21 жолчка со 18 лажици шеќер и гответе на пареа. Кога ќе се излади, додадете 375 gr маргарин, 200 gr лешници и 300 gr мелени бисквити.

За вториот фил, изматете 300 gr шлаг и на крај додадете го млекото во прав.

2

Тортата филувајте ја на следниот начин: кора, прв фил, втор фил, кора, прв фил, втор фил, кора. Тортата можете дополнително да ја украсите со шлаг и додатоци по желба.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ