1

Ве водиме во ентериер со површина од 30 метри квадратни, чие уредување го потпишува дизајнерката Kristina Rogacheva. Сопственичката на станот е млада деловна жена со активен животен стил, која сакала нејзиниот дом да биде оаза за одмор и уживање. Секое катче од ентериерот е внимателно испланирано и дизајнирано, се’ со цел максимално да се искористи скромната расположлива квадратура. Просторот е уреден во доминантен бел тон, а во комбинација со дрво и црвената боја, која преку акцентните детали се провлекува низ целиот амбиент.  На самиот влез е сместен мал и функционален ходник, од каде е обезбеден и пристап до бањата. Остатокот од станот е конципиран како голема просторија, чиј распоред го сочинуваат кујна и дневна плус спална соба, а организирани се на начин на кој секоја од нив, во зависност од потребите, да може непречено да се користи. Во продолжение, погледнете ги фотографиите од овој преубаво уреден ентериер и пронајдете ја омилената идеја и за вашиот животен простор.

2 3 4 5 6 7 8 9

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМолитва за еден обичен, но уште непронајден збор
Следна објаваИнфографик | Најпреведуваните книги во светот
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ