Вкусен и брз напиток кој ќе ве стопли оваа зима

Егзотичниот спој на луто пиперче и неодоливо чоколадо ќе ги задоволи вкусовите на сите. Се подготвува едноставно и одлично e за ладните, зимски денови.
Потребни состојки:
100 g. чоколадо
5 dl. млеко
2 стапчиња ванила (или цимет, по желба)
2 лажици мед
10 g. мелено чили пиперче
малку сол
5 dl. рум
Подготовка:
Добро загрејте го млекото со семето од стапчињата ванила и оставете го да стои 10 минути. Процедете, па повторно загрејте го млекото. Додадете чоколадо и 1,25 dl. вода и растопете со мешање. Додадете мед, сол, чили и рум и растопете со мешање. По желба, украсете со шлаг. Се служи топло. На здравје!




![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)









