1

Внесете радост и славеничка атмосфера во вашиот дом.

Празниците се секогаш добар потсетник дека топлата атмосфера во домот, споделувањето љубов и пријатните мигови поминати во кругот на семејството се најубавите нешта кои можете да си ги ,,подарите’’ на себе. Шпанскиот магазин El Mueble понуди низа убави и стилски идеи за украсување на домот во пресрет на новогодишните и божиќните празници. Во дизајнот на овој прекрасно уреден ентериер, акцентот е ставен на беж, бели и златни тонови на декорациите, кои се одбрани со многу вкус, а се одлична алтернатива за традиционалниот црвено-зелен декор. Од дневниот престој, празничната трпеза, па се’ до детската соба, секое катче зрачи со позитивна енергија и славенички тон. Пронајдете ја омилената инспирација и за вашиот животен амбиент. Празници се ближат!

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова година во розово
Следна објаваСонет – Гане Тодоровски
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ