Со Јавна соба, заедно до презентација на вештините на производителите на накит, ракотворби, облека и декоративни предмети.

Викендов во просториите на центарот за дизајн и иновации Јавна соба, а во соработка со МАТА, ќе се одржи предновогодишен Базар викенд каде 20 домашни мајстори (креативци) ќе ги претстават своите уникатни парчиња, одосно накит, аксесоари, украси за домот и разни ракотворби.

Она што претставува бенефит од целото концептуално претставување на овие уникатни парчиња, е големиот попуст, со кој ќе се овозможи на посетителите, по интересни цени да го задоволат својот вкус.

За задоволството да е комплетно, организаторите обезбедија доволно греано вино, кафе, чај.

Базарот ќе се одржи на 5 и 6 декември во Јавна соба, со почеток од 10:00 до 21:00 часот, влезот е слободен.

Untitled-1

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрекрасни бордо фустани oд плиш, за празниците што следат!
Следна објаваLa Vie en Rose, живот во розово!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ