Divian Arts е медиумски покровител на Неделата на дизајн.DSC_0022Петтото издание на Неделата на дизајн во Скопје се отвора во четврток 26. ноември во дизајн центарот Јавна соба. Оваа година на мени ќе бидат сервирани последните достигнувања на младите таленти од Македонија и регионот.  Во фокус е изложбата Млади балкански дизајнери, која публиката секоја година со нетрпиение је очекува.

DSC_0048

Skopje Design Week и оваа година ќе нуди предавања, работилници за дизајнери и архитекти, детски работилници во голем број, музичка програма, деловни средби и презентации, приготвување на храна, добра забава и можности за деловна соработка. Ново oтворениот центар Јавна соба ќе пулсира во духот на дизајнот и бизнисот предводен од We and Nature, Завар дизајн, Kонструкта, Виталиа и други млади македонски извозно ориентирани компании.

DSC_0046

Фестивалот кој се смета за еден од катализаторите  на развојот на дизајн секторот во Македонија донесе голем успех во поглед на формирање на нови домашни брендови и нивна застапеност надвор од државните граници. Сцената е активно градена 5 години и од тие причини оваа година ќе бидат претставени преку 30 македонски брендови, што е најголем успех досега.DSC_0049

Балканската дизајн мрежа која минатата година се формираше на СДВ ќе направи отворена презентација каде ќе ги претстави бенефитите за дизајнерите од регионот. Гости на програмата се Маја Лалиќ, уметнички директор на Миксер Белград и Јелена Матиќ од факултетот за дизајн од Белград.

DSC_0060

Овогодинешната програма стави значителен акцент на најмладите генерации и се подготвија 8 работилници за деца и тоа за фотографија, изработка на производи за домот, ментална гимнастика за деца, до неуролингвистичко програмирање за деца.

DSC_0063

Меѓу новитетите се стрип катчето кое е продукт на Комик стрип организацијата, a првонаградените стрипови од овогодишниот конкурс ќе бидат изложени, како и платформата „Добар проект” која има за цел да не` ангажира сите нас во поддршка на талентираните деца во Македонија.

Организаторите најавуваат дека ова е само почеток на едно долгорочно издание на дизајн фестивал во Скопје. Откако Македонија конечно доби физички простор за развој на дизајн сцената, резултатите се очекува да излезат брзо на виделина. Следат 365 дена на активности преку кои ќе се зајакнува дизајн продукцијата и ќе се позиционираат младите брендови надвор од државата.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваChanel | Празнична колекција на шминка
Следна објава„Нашата снежна венчавка“ – преку очите на една хаска
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ