Златото е моментално жешкиот актуелен тренд, кога станува збор за дизајн на ентериер. Златните акценти во домот се безвременска елеганција. За среќа, постојат некои едноставни, забавни и изненадувачки евтини чекори, кои можете да ги превземете, како би позлатиле некои делови од домот.

Ќе ви покажеме неколку начини како да додадете дух на гламур и злато во својот дом, а притоа да не изгледа на кич и невкус. Идеите погледнете ги во галеријата подолу, па сами одлучете.

Лустери

Лустерот е најдоброто место за почеток на златното дотерување. Ви препорачуваме да одберете елегантен лустер кој во просторијата ќе создаде удобна и интимна атмосфера. Одберете го тој кој нема премногу метал, туку повеќе стакло со доза на злато на рабовите. Тоа на вашата спална, дневна соба и трпезарија, ќе им даде вистинско чувство на елеганција. Лустерите не се само за дневна соба!

formal-sitting-room-chandelier

Златен мебел, златни ткаeнини и боја

Златниот мебел е апсолутен хит во светот на дизајнот, со него не можете да погрешите. Но како да го направите тоа а да не изгледа невкусно? Обидете се во заесите, постелнината, перниците, теписите и другите ткаенини, да додадете елемент и додаток на златна боја. Или пак, обоете го едниот sид во неутрална боја,  а sидот до него во светкаво златна боја. Ако тоа ви се чини претерано, тогаш размислете тоа да го направите на малото масиче за кафе.

room-divider-accent-wall

Нека се злати масата!

Секое масиче во домот може да изгледа гламурозно со додавање на едноствен златен тепих. кој е совршен преку целата година. Ако организирате посебна вечера, масата можете да ја украсите со уште малку злато како на пример салфети, приборот за јадење или вазна.

Дури и нешто сосема дноставно како златни топчиња во стаклена вазна или пак златна чинија, која ќе биде наговестување на гламур во вашиот дом.

grey-bedroom-gold-table

Златните додатоци создаваат искри!

Не се сите свеќи тука за да се запалат, а тоа особено е вистина кога станува збор за додавање на златните нијанси во домашниот декор. Обидете се да додадете неколку светликави златни свеќи на масата во дневната соба. Не го заборавајте златното правило – три златни елемнти се доволно!

living-room-pink-couch

Месингот е повторно ИН!

Mесингот се врати! Не зборуваме за оној од 1980 година, туку за новиот месинг кој трае и сјаи со многу модерно светло.

Размислете да додете златни акценти во вашиот дом со месинг – ако златниот одсјај ви изгледа премногу за вас, месингот ќе ви озозможи да додадете сјај без премногу шаренило.

white-kicthen-brass-hardware1

Златни рамки

bedroom (1)

Златни акценти

gold-room-accents (1)

Црно и злато 

black-and-gold-room (1)

Бела и златна спална соба

black-and-white-bedroom (1)

Бела кујна со месинг акценти

white-kitchen-brass-pendants (1)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова година – празник во домот (2.дел)
Следна објаваНова година во виолетово
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ