slika

На 7-ми ноември во сабота во “MKC club&restaurant”, Project Orpheus гордо Ве поканува да бидете дел од промоцијата на нивниот VEVO канал каде заедно ќе го прославиме нивното ново достигнување.

VEVO платформата претставува најпрестижна видео-музичка мрежа, основана од најголемите светски продукции Universal Music Group, Sony Music Entertainment и Abu Dhabi Media, како и Google преку кој музиката е синдицирана и достапна на YouTube.

Project Orpheus ги исполни критериумите на високи продукциски побарувања потребни за да биде дел од VEVO, а дистрибуцијата се одвиваше со посредништво на Digital.Millennium.Artists™, организација за заштита и промоција на креативните и  квалитетни дела, со особен фокус на платформите како Apple iTunes, Google Play, Spotify, YouTube, Vevo и многу други.

Нивниот проект, Shaping The Static, албум снимен во живо, според зборовите на самиот автор, Давид Димовски, претставува концептуална изведба со тематски континуитет,  ни отсликува еден богат, фиктивен наратив, поставен помеѓу апстрактни околности, чии интерпретации се адаптибилни и често диктирани од страна на индивидуалната имагинација на самиот толкувач.

http://www.vevo.com/artist/project-orpheus

https://youtu.be/-41hNou0iBI

Event:  https://www.facebook.com/events/415356825341546/

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВолшебната моќ на естетиката на народни носии во светот!
Следна објаваSuzuki “Mighty Deck” идеален автомобил за пикник!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ