ОВЕН

Работа – Успешен период за припадниците на овој знак, кои работат во јавните медиуми или со патувања. Обидете се да се навикнете на стилот на работата на една Девица, се додека вашиот вледетел е во тој знак. Некој ќе сака да ве придобие за своите планови. Преку пријателски врски очекувајте некој вид на финансиска помош.

Љубов – Никој подобро не заведува од вас, но само доколку се решите да го направите тоа. Ќе ви одговара да се гледате со личности кои отворено ви се диват. Вашето променливо расположение тешко го доживуваат шкорпиите и јарците а тоа ќе биде нагласено во почетокот на овој период.

Здравје – Би било добро да ги оставите кафето, алкохолот и цигарите.

БИК

Работа – Напорен период за амбициозните претставници на овој знак кои сакаат секогаш да биде по нивно, што нема да може така лесно да се случи. Се додека Венера поминува низ Девицата, ќе се чувствувате како да ви прети некоја опасност зад грб. Но, подобро е да најдете начин како да воспоставите комуникација со колегит, одколку да се сомневате во нив.

Љубов – Доколку некогаш сте мечтаеле да ја почувствувате магијата на тајната врска, пред вас се олујни случувања кои нема да можете да ги контролирате. Сето тоа ќе биде силно, предизвикувачко. Доколку сте слободни, не размислувајте за озбилна врска.

Здравје – Мала настинка и главоболка.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Во следниов период неопходни ви се совети и добра организација на работата, но и повеќе самопочитување. Заради погрешни потези во минатото, претпоставените ќе ви ја намалат самодовербата. Ќе успеете да ја наговорите колешката или пријателите да го прифатат вашиот предлог за соработка.

Љубов – Во време кога Меркур, вашиот владетел, ќе го смени знакот, ќе имате доволно време да го проверите вашиот однос со личноста која ви се допаѓа. Животот со партнерот ви е претворен во вистински хаос, бидејќи никогаш не знаете што  може следно да направи. Возможна е врска со Девица или Јарец.

Здравје – Намалете ги оброците и проверете го шекерот.

РАК

Работа – Влегувањето на Меркур во Шкорпија, не им одговара на претставниците на овој знак, кои ја сакаат слободата и не поднесуваат било каков вид на авторитет. Младите претставници смело ќе влезат во нови деловни зделки, без размислување за тоа колку од работата ќе имаат добит.

Љубов – Во првите денови од неделава, нема да бидете сигурни на кого можете да му верувате  и на кого можете да се потпрете. Доколку немате постојан партнер, во друштво ќе бидете премногу воздржани, сем кога станува збор за Лав или Стрелец.

Здравје – Доколку го смалите алкохолот, ќе ги средите и осцилациите на крвниот притисок.

ЛАВ

Работа – Се трудите да ги држите во свои раце конците на се, што се случува во вашето опкружување, но свесни сте, дека немате на кого да се потпрете. Доколку сте од неодамна на ново работно  место, обидете се да не влегувате во било какви расправии со колегите ни со претпоставените, дури и ако сте убедени дека сте во право. Многу лавови ќе добијат шанса за соработка со странци или пак ќе сменат работно место на подобро, врзано со управата.

Љубов – Многу претставници на овој знак ги очекуваат силни емоции, а некои лавови за прв пат ќе се заљубат. Добро ќе се согласувате со водените знаци, само доколку ја имате планетата во Бик, Девица или Јарец. Доколку планетите се огнени и воздушни знаци, возможни се конфликти за секоја ситница.

Здравје – Бидете внимателни, посебно се екстремитетите.

ДЕВИЦА

Работа – Дококлу бевте вредни во предходниот период, ви претстојат приходи, но веојатно помалку од очекекуваните. Но, доколку бидете во ситуација да бирате помеѓу две слични работи, ќе ја изберете онаа која е помалку платена. Крајот на неделета, навестува подобрување на статусот на работното место.

Љубов – Иако сте спонатни и детинести во љубовта, во овој период би било подобро да сте порационални бидејќи тоа е во ваш интерес. Секоја пресилна емоција и претерана субјективност, може да ви донесе повеќе штета отколку корист.

Здравје – Внимавајте на грбот.

ВАГА

Работа – Почетокот на неделата ви носи добри можности за проширување на соработка, посебно со личности на кои не сте сметале, но потајно се недевавте дека ќе ви пружат шанса да покажете што се знаете. Доколку ви се допадне идејата за приватен бизнис, ќе ви биде потребна подршка од Шкорпија, Јарец или Риба, а возможно е влегување во партерство. Бидете внимателни во работата со Овен или Лав.

Љубов – Венера во дванаесеттото поле, може да значи романтична средба со личност која се занимава со работа, врзана со ризик. Веројатно ќе ја обновите врската со Шкорпија или Јарец.

Здравје -Одлично

ШКОРПИЈА

Работа – Имате инспирација за нова работа, или пак ќе сакате да се обидете со нова работа, за која веќе подолго време размислувате. Шкорпиите кои бараат работа, благодарејќи на ургенцијата на една пријателка или личност која е блиска на вашиот дом, ќе успеете да најдете работа.

Љубов – Најверојатно ќе влезете во тајна врска со некој кој подолго време ве опседнува. Не се надевајте претерано. Постојаниот партнер, посебно ако е роден кон крајот на педестите или седумдестите, не ќе има многу време за вас. Доколку сте во врска со Риба, ситуацијата би можела прилично да се комплицира.

Здравје – несоница.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Сатурн во вашиот знак бара многу нови измени. Ќе се обидетете да воспоставите конткти со личностите со кои сте биле во конфликти, но, само доколку знаете дека на нив можете да се потпрете. Ќе добиете понуда да се сретнете со некој, кој ќе сака со вас да почне нова работа. Присуството на Јупитер во вашата десета куќа, ќе ви донесе неколку деловни понуди.

Љубов – Кога љубовта е во прашање, ова ќе биде многу романтичен и возбудлив период. Ќе посакате да се гледате со една личност, само под услов тоа да биде тајно. Добро се согласувате со Рак и Девица.

Здравје – Проверете ја диоптријата

ЈАРЕЦ

Работа – Најголемата опасност е откривањето на идеите, пред тие, кои едвај чекаат да дознаат што планирате, за да ве претекнат во тоа. И понатаму сте наивни, кога е во прашање соработката со личностите на кои сметате, а кои повеќе пати ве изневериле.

Љубов – Овој период не е поволен за јарците, кои не се во добри односи со членовите на семејството или често се расправате околку изборот на партнерот. Трудете се да дадете се од себе, доколку сте во врска со Близнаци, Девица, Риби или Лав, затоа што тоа би била успешна. Обидете се да бидете поспонтани.

Здравје – Помали стомачни тегоби.

ВОДОЛИЈА

Работа – Чувствувате голема потреба за креативно изразување, посебно во уметноста и нема да одолеете да не тргнете во нови работни проекти,  дури иако не сте сигурни дека ќе ви се исплатат. Почетокот на неделава, ќе ви донесе неочекувани приходи или добитоци во игрите на среќа, а возможно е и зголемување на приходите, од заедничка зделка со Вага или Шкорпија.

Љубов – Добро се снаоѓате во љубовниот живот, посебно доколку сте заинтересирани за Рак, Девица или Шкорпија. Некој Стрелец и Водолија, не престануваат со желбата да бидат со вас. Во овој период, возможен е конфликт со Лав.

Здравје – Иако добро се чувствувате, внимавајте на имунитетот.

РИБИ

Работа – Размислувате за нови извори на заработувачка, зголемување на приходите и завршување на разни работни обврски. Тоа толку многу ве оптеретува,  да ви се чини како ништо друго да не работите, туку трчате по потребната документација. Сепак, во текот на оваа недела, ќе се случи нешто значајно што ќе ве мрдне од мртва точка. Финансиската ситуација полека се подобрува.

Љубов – На многумина сте има драга личност, но вие сте заинтересирани само за една, бидејќи со таа личност одлично се согласувате и разбирате.

Здраве – проверете ги синусите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтан за млада двојка [45 м2]
Следна објава?? Gülhane – паркот на цвеќето во Истанбул
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ