Летото секогаш ни носи новитети кога се во прашање костимите за капење. Ова лето се популарни плетени модели, минималистички бикини како и костими за капње со висок струк.
Овој тренд го немаме видено доста долго време, а и не е идеален за сончање, бидејќи голем дел од телото го остава бел, но мораме да признаеме дека неговите позитивни особини пријатно не изненадија.
Сигурно можете да забележите дека со нив можете да го сокриете малото стомаче. Но ако имате некој килограм повеќе, овој крој нема да ви одговара, бидејќи ќе го потенцира тоа. Добра страна е што нозете ќе ви изгледаат подолги доколку изберете модел кој има високи изрези на страна. Овој тип на костим за капење, одлично им одговара на девојките кои многу вежбаат бидејќи им ја нагласува половината. Исто така одличен е за девојките кои се со градба на песочен часовник – им дава ретро гламур и ги нагласува облините.
И доколку мислите, дека овој крој не е за вас, ви сугерираме да го пробате – можеби пријатно ќе се изненадите и ќе го купите на лице место!