Сите жени сакаме кога ке дојде летото да си купиме летни сандали во кои стапалата можат да дишат, сандали кои се женствени и шик, но истовремено да изгледаат и пригодно на работното место во канцеларија. За среќа изборот на сандали е голем.
Во Скопје, веќе на повеќе места има дуќани во кои може да се најдат сандали од структурирана кожа, брушена кожа, сандали кои не откриваат премногу а остатокот од вашата гардероба нека остане исклучиво деловен ( летно одело со елегантен пар сандали ).
Оваа сезона како и минатата, доминантни се моделите на нешто подебела подпетица со изобилство од каиши или пак рамните гладијаторки. Нас посебно ни се допаѓаат моделите со пошироката подпетица, бидејќи освен што визуелно ја продолжуваат и истенчуваат ногата, истовремено ќе го кренат и најобичниот аутфит.
За изборот на летни сандали за работа би можел да ви помогне и нашиот избор на 9 елегантни сандали кои ќе се носат цело лето! Погледнете во нашава галерија за какви сандали станува збор и веселете се заедно со нас на високите температури во деновите кои следат.