Ние сме сигурни декa ова лето ќе посетите некој музички фестивал, ќе ги посетите баровите на плажа и се разбира летните ноќни клубови и сите знаеме како тоа може да биде супер забавно! Ако немате костим за капење на вас, сосема е сигурно дека во близина на базен или море, ќе скокнете во вода во алиштата што ги носите, затоа најдобра опција е да го облечете за секој случај!

festival-page5

Тоа можеби ви изгледа чудно, но и со костим за капење можете да изгледате топ и стилски. Се разбира, најважно е да се избере добар крој, принт и  материјал, затоа што- се што изгледа дури и од далечина евтино (светликава пластика, нападни стакленца, итн) во комбинација, е премногу  како нешто што едноставно не оди.festival-page1

Најлесно се комбинираат едноделните костими за капење со шорцеви и мини здолништа. Можете да ги носите и со тесни панталони, но ризикувате премногу да се гледа линијата на задникот.

festival-page4

Овој костим за капење, идеален е за комбинирање со кратки панталончиња со висок струк, кратки здолништа со висок струк, бермуди и шорцеви… Ние ви сугерираме,секоја комбинација да има висок струк, затоа што нискиот струк прави вулгарен изглед.

festival-page2

Хекланите костуми за капење, кои се ова лето исто така хит, ќе изгледаат одлично со асиметрични парчиња, а во текот на денот, одлични се со врзан саронг. На крајот, останува незаменливиот бикини, кој можете да го носите под транспарентен фустан (тесен или  широк) или подтуника, каде што нема да се  види, но ќе биде тука, ако ви затреба!
dfsf

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Магичната Кападокија
Следна објаваНакит излезен од книга
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ