befunky-collage2
 Blake Lively (27) се врати на црвениот тепих! На премиерата на својот нов филм “The Age of Adaline” во Њујорк, се покажа во гламурозно издание во какво што одамна чекавме да ја видиме. Прекрасната глумица, прошета по црвениот тепих во преубав црвен фустан од тантела на Monique Lhuillier. Актерката со овој изглед ја нагласи својата елеганција и сексапил, истовремено презентирајќи го класичниот Холивудски стил и гламур. Со децентниот накит и совршената фризура, Blake апсолутно владееше на црвениот тепих.
Во овој филм таа ја игра улогата на жена која не остарела ниту еден ден во тек на 80 години.
befunky-collage-29
За after party на филмот, кој се одржа во Метрополитен клубот во Њујорк, Блејк избра поинаков изглед. Од истиот дизајнер (Monique Lhuillier)го одбра црниот мантил, структуриран на рамениците. Во комбинација со мантилот, Блејк го покажа прозирниот звездениот комбинезон и докажа дека знае да си погра со модата и да прифати помодерен стил.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваПодводни свадбени портрети
Следна објаваФото на денот | Бакнеж
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ