Новата мобилна апликација Pivot го претвора вашиот смартфон во просторно-временски портал кој ќе ве врати во минатото. Апликацијата користи архива на стари фотографии кои ви овозможуваат да видите како изгледале одредени градби во минатото. Кога ќе се приближат до одредена точка, корисниците добиваат известување на телефонот да го свртат кон градбата и да видат како изгледала пред многу години, што е навистина единствено доживување.

2

1

Моментално е достапна само во Палестина и Бостон, но интерес за неа постои и во Италија, Австралија, Индонезија и САД. Автори на Pivot се брачниот пар Asma Jaber и Sami Jitan од Палестина кои проектот го реализирале преку платформата Kickstarter на која собрале 30.000 долари за да ја направат апликацијата и докажале дека технологијата од иднината не го заборава своето минато.

3

НЕМА КОМЕНТАРИ