000

Цвеќето изгледа воодушевувачки како дел од велигденските декорации, симболизирајќи го истовремено и будењето на пролетта во домот. Свежото цвеќе е задолжителен детаљ, а лалињата во разни бои се неизбежни за ваква пригода, но можете да поставите и сини и бели зумбули, нарциси или цветни букети од полско цвеќе. Доволно е да го одберете омиленото цвеќе и во бојата која најмногу ја сакате, а околу него да изработите интересна декорација со која ќе го украсите животниот амбиент: од ѕидот, преку празничната трпеза, па се’ до вратата. За таа намена, можете да ги наредите велигденските јајца со свежо цвеќе во вазна, кутија, кантичка или друг сад од домаќинството, па да ги поставите во било катче од домот – прекрасното пролетно цвеќе ќе му даде шарм и живописен изглед на вашиот украс и на целата просторија. Инспирацијата за декорации побарајте во природата, создавајќи идиличен амбиент кој ќе мами насмевки и повикува на оптимизам во пресрет на празничната прослава. Во продолжение, ви претставуваме повеќе оригинални и креативни декоративни идеи за сечиј вкус и секаков стил на уредување. Погледнете ги и бидете креативни во пресрет на велигденските празници и веселите пролетни моменти.

001 002 003 004 005 006 007 008 009 010 011 013 13 014 015 016 017 018 019 020 021 022 023 024 025 026 027 028 029 030

НЕМА КОМЕНТАРИ