Да се биде на лице место на модните недели во светските метрополи, каде што своите најнови колекции ги прикажуваат модните креатори е секогаш возбудливо. Исчекувањето, кое доаѓа со откривањето на најновите трендови и монологот кој сите го имаме, како да си го средиме нашиот гардеробер. Но само за кратко, бидејќи сознанието дека повеќето парчиња кои со воодушевување ги гледаме на пистата имаат иста цена како на автомобили. Благодарејќи на еден сајт за регистрани членови, кој им овозможува на купувачите да купат облека директно од модните писти, цените се потполно транспарентни и моделите полесно достапни.
Едно парче од пистата на Делпозо, мини фустанот ќе ве чини 10.800 долари. Вашите соништа да се облечете како познатите звезди во Marchesa фустан, веднаш ќе престане кога ќе разберете дека дека најниската цена за едно парче од есенската колекција за 2015година е 3.295 долари. Очекувано, сето крзо прикажано на пистите е астрономско скапо. Wes Gordon кардиган/капут, од неговата есенска колекција за 2015, се продава по цена од 18.500 долари.
Во секој случај, погледнете ја галеријата подоле, да видете колку чинат клучните модни парчиња од New York Fashion Week.
moda-grazia-fashion-stil-odeca-piste-1 (1) (1)moda-grazia-fashion-stil-odeca-piste-1 (10)

 

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваFerrari „488 GTB“ заблеска во Женева
Следна објаваФото на денот | Што е ова?
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ