0

Младо семејство го ангажирало архитектонското студио на Alexandrа Fedorovа за уредување на нивниот дом, барајќи од неа да дизајнира модерен станбен простор со површина од 165 метри квадратни, сместен во руската метропола Москва. Талентираната архитектка создала софистициран дизајн кој иако соодветствува на модерниот животен стил на сопствениците, сепак вклучува и високо ниво на комфор и топлина во амбиентот. Притоа, природните материјали се искористени ширум животниот простор, а целта била да се постигне пријатна, топла и гостпримлива атмосфера во ентериерот. Ѕидовите се украсени со дрвени панели и антилоп, додека подовите се од природен камен и дрво. За разлика од повеќето модерни шеми, ова е место каде динамиката е присутна на многу вкусен и префинет начин. Суптилната бела боја, светлите кафени и беж тонови во контраст се со жолтите навлаки на столиците во трпезаријата, како и живописните зелени саксии во спалната соба. Инспиративните декоративни елементи се сместени во клучните области, зголемувајќи ја визуелната привлечност на по малку здодевни агли. Како изгледа внатрешниот дизајн на овој стилски уреден дом, можете да погледнете од галеријата во продолжение. Инспирирајте се и пронајдете ја омилената идеја и за вашиот животен простор.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКафето во светот на убавината
Следна објава”Keep the best,forget the rest" – извика Карл Лагерфилд на крајот од својата ревија
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ