Дали знаете дека модните додатоци се клуч на секој добар стил? Добро избрано парче накит, марама или чанта, можат да направат чудо за вашиот стил. Бидете многу внимателни во изборот, бидејки тенка е линијата помеѓу кичот, шикот и циркусот.
1. Ако се одлучите за голем украсен детал,тогаш тоа нека биде само едно парче накит. Се разбира, важно е што сакате да истакнете. Ако сакате вниманието да го свртите кон деколтето, тогаш, убаво и големо декорирано ланче е правиот избор. Лицето ке го истакнте со забележителни обетки, косата со убава шнола, додека вниманието кон колковите со интересен каиш или повеќе алки околу дланките.
2. Модните детали секогаш мора да бидат соодветни со стилот на облеката. Елегантна облека, елегантен моден додаток. Доколку сакате да го прекршите правилото, стилот мора да остане препознатлив, бидејќи тешко се постигнува хармонија. Експериментирајте, но со мерка.
3. Важно е да ја следите пропорцијата на телото. Доколку сте висока, може да носите голема и богата огрлица околу вратот, голема торба или слично. Но доколку сте со понизок раст, бирајте поситни модни детали кои вие ќе ги носите, а не тие вас.