Доколку некогаш сте посакале да се изгубите во снежната идила на француските Алпи, тогаш малечкиот бутик-хотел Le Chalet Zannier е идеално место да ги остварите сите свои сништа. Со градбата налик на стара дрвена колиба, овој мини хотел е вистинска оаза за релаксација и комфор, со видици на најубавите скијачки стази кои има да ги понуди оваа земја. Природните материјали, минимално обработеното дрво, светлите бои, меките ткаенини и изобилството од прозорци и стакло го обликуваат неговиот дизајн, дочекувајќи ги гостите во топол амбиент за опуштање и уживање во снежните авантури. Ентериерот е полн со свежина, воздух и светлина, опремен со се’ што е пријатно и за окото, и за допирот. Лобито е со придушени тонови и високи столици, потсетувајќи на пријатен градски бар. Цвеќињата, органската храна послужена на трпезата и незаборавните глетки на околните пејзажи се уште еден неодолив момент, кој ова одморалиште го издвојува како рај за љубителите на зимскиот туризам. Сите оние кои се уморни од градскиот метеж и бучава, токсичните гасови, или, пак, несоницата, по пристигнувањето тука ги очекува длабока релаксација и исцелително бегство од урбаната средина. Доброто расположение и атмосфера се загарантирани – уживајте во глетките!
Мини хотел на француските Алпи
Идилични зимски пејзажи и топла атмосфера од соништата.