Донаторската собирна акција ќе се одржи на 27.декември (сабота), од 13 до 15 часот во ГТЦ, а има за цел да им подари насмевка на малите пријателчиња од Дневниот центар за деца во Шутка.

10850126_10152522060415911_7729035053160892216_n
Празниците се ближат, желбите се нижат, а членовите на младинската организација ,,Млади за љубов’’ потсетуваат дека среќата е поголема кога е несебично споделена. Во соработка со ,,Brainobrain Macedonia’’, неуморните гушкачи ве канат на големо предновогодишно дружење оваа сабота (27.12), од 13 до 15 часот во ГТЦ, каде повторно ќе сеат многу љубов, оптимизам и прегратки на сите минувачи од метрополата.

За возврат, ги повикуваат сите добронамерни граѓани да ја покажат својата хумана страна на крајот од годината, земајќи учество и во донаторската собирна акција која ќе одржи на истата локација. Настанот е од хуманитарен карактер, а има за цел да им подари насмевка и можност да ја почувствуваат новогодишната магија на малите пријателчиња од Дневниот центар за деца во Шутка, на кои и малата помош им значи се’.

Нивните желби се скромни: храна, шалче, капче, ракавички, кукла, количка, или други ситни нешта кои носат радост, а со своите подароци од срце ќе можете да ги израдувате оставајќи ги на празничната елка за донации. Во Дневниот центар има повеќе од 100 деца, а просторот нема услови за готвење. Затоа, не е препорачливо да се носат супи, тестенини или останати производи кои треба да се варат или печат.

10881230_10152693275619064_289217699_n

Имате големо срце и волја за хуман гест?
Добредојдени сте да ја споделите среќата со оние на кои им е најпотребна.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБожиќни ангели од Victoria’s Secret
Следна објаваУбавецот на Ferrari | GTO ’63
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ