0001

Иако не е традиционална опција за новогодишен и божиќен декор, сепак примената на портокаловата боја е креативен избор за постигнување прекрасна празнична атмосфера во домот. Може да се употреби како алтернатива за класичната црвена боја при украсувањето на ентериерот, или, пак, за да внесе сосема нова и позитивна енергија во животниот простор во екот на празниците. За таа намена, ви претставуваме еден преубаво стилизиран дом, каде новогодишните декорации во боја на килибар кокетно го разигруваат и освежуваат амбиентот. Станува збор за комфорен стан во Барселона, чија основа ја сочинуваат неутралните сиви, беж и светли природни тонови, додека портокаловите акценти совршено се вклопени во опкружувањето и најзаслужни се динамиката и игривоста во просторот. Во тандем со гламурозните златни, сребрени и бронзени детали, сочинуваат идеална комбинација за модерно празнично руво на домот, каде не се изоставени ниту традиционалните елементи, застапени преку парчињата мебел. Портокаловата нијанса е присутна како нитка во секоја просторија, почнувајќи од новогодишната елка и перниците во дневниот престој, па се’ до украсите на полиците и божиќната трпеза. Во пресрет на зимските свечени прослави, погледнете ги фотографиите и инспирирајте се од омилената идеја за празнична тема и во вашиот дом.

0002

0003

0004

0005

0006

0008

0009

0010

0011

0012

0013

0014

0015

0024

0025

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (15.12 – 20.12)
Следна објаваНовогодишни венци
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ