Под мотото ,,дојде време да се видиме – ајде да си ги мериме’’, вечерва (26.11) со почеток од 20.30 часот ќе се одржи големата донаторскa забава во Сити Хол. Со настанот се одбележува Моември, месецот посветен на подигнување на свеста за машкото здравје.

000

Единаесeтта година по ред на светско ниво, а по втор пат кај нас се организира Моември – кампањата со која на оригинален начин се подигнува свеста и собираат средства за подобрување на здравјето кај мажите. По тој повод, тимот на ,,Movember Macedonia ги поканува сите добронамерни гости на големата донаторска забава, која ќе се одржи вечерва со почеток од 20.30 часот во Сити Хол.

Покрај мустаќите, посетителите ќе имаат прилика да ги одмерат силите и во големината на срцето, донирајќи сума по желба која во целост ќе биде наменета за светскиот Мовембер фонд. За возврат, од организацијата ветуваат повеќечасовно убаво дружење, зачинето со добрата музика на Eye Cue и DJ Гоце САФ.

001

Во поддршката на настанот се придружија и дизајнерките Ирина Тошева и Кристина Манчева од Design & Berries, кои наменски за оваа пригода изработија накит и модни додатоци инспирирани од Моември, а проследени од интересна фотосесија со пораки до двата пола. На подвигот им се придружија фотографот Владимир Видановски, шминкерот Виктор Мирчевски и моделите Бисера и Бојана Илијоски.

002

Донаторските производи – мустачиња се во ограничени количини, а ќе можат да се купат во текот на вечерашниот настан. Собраните средства од нивната продажба ќе бидат донирани на Movember Macedonia и movember.com.

Дизајните беа промовирани преку креативниот проект кој на духовит начин потсетува дека машкото здравје е и женска работа, нагласувајќи ја важноста на редовните прегледи.

003

004

005

006

Дојдете, поддржете го Movember Macedonia и ширете ја каузата на мустаќлиите кои се грижат за машкото здравје.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваКраток поздрав од Европа
Следна објаваФилм препорака | Споменикот на Мајкл Џексон
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ