На прагот на студениот декември, пред почетокот на новогодишната и божиќната еуфорија, популарниот шпански бренд Zara Home прашува: Подготвени ли сте за празниците? Празниците се ближат, а посебната линија аксесоари одново понуди прекрасна инспирација за прослава на новогодишната и божиќната магија во домот. Новата колекција е сочинета од широк спектар на производи, од симпатични детали за китење на елката, елегантни украси за ентериерот и дворот, па се’ до декорации за совршено стилизирана трпеза. Доминираат црвената и белата боја, но може да се најдат и детали во погламурозна златна и сребрена нијанса, за празнична атмосфера во полн блесок и сјај. Каталогот е инспириран од рустичниот изглед и ретро мотивите, обединувајќи ги класиката, традиционалниот изглед и винтиџ шармот во уникатна празнична нота за домот. За потребите на колекцијата беше изработено и специјално промотивно видео со емотивна тема, кое ќе ве потсети зошто токму топлиот дом е најубавото место за празниците, опкружени со семејството и сите оние кои ви значат се’. Уживајте!