0

Уметницата Kat O’Sullivan купила трошна куќа од 1840 година во Њујорк, не само за да биде нејзино идно место за живеење, туку и муза за разните уметнички потфати. Позната под псевдонимот Katwise, таа создава уметност со она што го нарекува ,,милион бои’’, а крајниот резултат е психоделично патување назад во 60-тите, но со модерен стил. Бидејќи неодамна реновираниот дом требало да биде местото каде ќе се одржи нејзината креативна магија, таа тргнала со протокот на бои. Верна на својот уметнички талент, создала воодушевувачка куќа опкружена со пејзажи и природа. Ket и нејзиниот партнер Mason Brown, не само што ја реконструирале куќата, туку и додале нови архитектонски детали. Ket направила калеидоскоп од бои и текстури. Она што ги поврзува сите бои и создава хармонија е постојаната употреба на црната боја со која таа ги креира контурите на различните дезени и детали, дури и кога истите не ги следат архитектонските детали, како што се вратите. Ket и Mason не се задржале само на куќата, туку продолжиле и понатаму, на пејзажите. Направиле ограда од сложени камења која претставува заштита на свежата зона. Оградата е во неутрални бои и и’ овозможува на куќата да остане во центар на вниманието. Кога сонцето блеска надвор, рефлексијата во околното езеро е спектакуларна. Цветната градина во англиски стил е во рамнотежа со рачно насликаното виножито кое на фотографиите изгледа неверојатно реално. Дали е ова најшарената фасада која некогаш сте ја виделе?

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕдиторијал за промоција на македонски дизајнери во странство
Следна објаваМаслиновото масло во светот на убавината
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ